Најдобриот ракометар во нашата земја, Кирил Лазаров, ќе биде нов селектор на македонската ракометна репрезентација. Лазаров со Ракометната федерација на Македонија потпиша едногодишна соработка, а постои опција за продолжување на уште четири години, кога десниот бек ќе ја заврши активната кариера.

Лазаров во првото обраќање како селектор им се заблагодари на претседателот на РФМ Живко Мукаетов и Управниот одбор, кој му изрази максимална доверба.

Без никакво размислување го прифатив овој голем предизвик за мене. Никогаш не сум ја одбил Македонија, така беше и сега. Не чека голема одговорност и уште една успешна работа. – изјави Лазаров.

Лазаров ќе биде активен како играч, а во најскоро време ќе го обелодени својот стручен штаб.

OhridNews