Екипата на Барселона заврши половина од задачата во четвртфиналето од Лигата на Шампионио совладувајќи го Загреб со 25-23 во првиот натпревар.
– Не победивме лесно како што изгледа и како што рече тренерот на Загреб, Веселин Вујовиќ. Долго се подготвувавме на психички план за овој натпревар бидејќи тешко е да се игра пред толку гласна публика. Нивните навивачи мислам дека ги водеа во текот на целиот меч, а ние одигравме зрело и сконцетрирано. Не очекува уште еден натпревар на кој ќе треба го потврдиме нашиот квалитет- рече Лазаров.
Најпрецизен во составот на Барселона беше Никола Карабатиќ со шест голови, а капитенот на Македонија, Кирил Лазаров со пет голови беше втор стрелец.
Иначе, на листата на стрелци Лазаров изби на челната позиција со 90 голови пред Момир Илиќ од Веспрем со 85, кој пак има меч за играње против Пари Сен Жермен во 1/4 финалето.
Мх.П