Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров пријатно го изненади охриѓанецот Борче Наумоски со повик за ракометниот камп, кој неделава ќе се одржи во Охрид.


Лазаров го посети домот на Наумоски, кој со капитенот на македонската репрезентацијата долго време комуницирал преку Фејсбук.


– Многу ми е мило што успеав да го остварам детскиот сон на Борче. Одлучивме да го посетивме во неговиот дом и од таму да го одведеме во кампот. Неговото доаѓање се поклопи бидејќи тој е јубилејниот 150-ти учесник на ракометниот камп. – рече Лазаров.


Наумоски не ја тргнуваше насмевката и не ги криеше солзите на своето лице по средбата со неговиот идол. Тој еден од неколкуте охриѓани кои се дел од првиот ракометен камп на Лазаров во Охрид.

– На прво неможев да поверувам, но многу се радувам дека сево ова е вистина. Лазаров ми е идол и многу ми е мило што ќе работам со него една недела. – рече среќниот Наумоски.


Ракометниот камп на Лазаров во Охрид започнува денеска, а ќе трае една недела.

Фото : Емилио
Мх.П.