Ракометната репрезентацијата на Македонија потешко од очекувањата се справи и ја совлада финската селекција, во петтата рунда од квилификациите за пласман на Европското првенство. „Црвено жолтите“, кои имаа негатива во првиот дел мораа добро се испотат за победата, остварена со добра и сигурна игра во второто полувреме.
Нашата игра не беше на ниво, но важна е победата во ваков натпревар, – рече капитенот и селекторот, Кирил Лазаров, за Спортмедиа, додавајќи дека македонската репрезентација не го потценила противникот и не се работи за замор.
Секогаш кога ќе се спомене нешто како замор или нешто друго ќе биде само барање алиби. Добро се подготвивме и се вложивме во натпреварот. Овој меч ќе биде на тема и анализиран, но добро е што победуваме и кога речиси целиот натпревар играме под нивото, – изјави Лазаров.
Македонија го завери билетот за пласман на ЕП, следната зима во Унгарија и Словенија, а в недела, на големиот Христијански празник Велигден во последниот натпревар од квалификациите, силите ќе ги одмери со Швајцарија.
OhridNews
Македонија со пресврт ја совлада Финска и го завери билетот за ЕП