По завршувањето на клупските обврски со Атлетико Мадрид, капитенот на македонската ракометена репрезентација Кирил Лазаров ќе и се приклучи на селекцијата.


Првите подготовки се одвиваат во Пореч, Хрватска каде што Македонија ќе одигра контролен натпревар против репрезентацијата на Саудиска Арабија. На тој меч селекторот Ѕвонко Шундовски на располагање ќе ги има сите 20-ет репрезентативци.

Втората фаза од подготовките селекцијата на Македонија ќе ја одработи во Ниш, Србија. Таму селекцијата на Македонија ќе изигра две пријателски средби со Египет и Србија.

Мх.П.