Најдобриот ракометар во македонската историја, Кирил Лазаров, ќе остане во ракометот и после завршување на играчката кариера. Плановите на Лазаров се да биде тренер, а паралелно да функционира и неговата ракометна школа КЛ7. Лазаров кој моментално е во самоизолација поради позитивен исход од тестот на коронавитусот го пече односно го изучува тренерскиот занает.
Наскоро ќе добијам мастер лиценца за главен тренер по А лиценцата преку ЕХФ на тема „Анализа на натпреварите на Шпанија во финалето на Европското првенство 2020 година во Стокхолм”. Мислам дека по примерот од Жорди Рибера може многу да се научи. Сè оди по својот тек, не се наметнувам никому и не ми се брза. Знам што зборувам и што правам и важно е да изберам вистински момент за тоа. Мора да се има добар темел, но без надоградување нема напредок. Секој има свој стил. Јас не сум човек од конфликти. Ако тоа се појави, јас бегам од тоа. Секогаш мислам дека постои начин на кој може да го презентирам мојот став како што сакам. Многу разговарам со Лино Червар и Чави Пасквал, кои ми се големи авторитети. Кога ќе дојде време сигурно ќе знам да одберам. – изјави Лазаров.
Лазаров е во добра здравствена состојба и коронавирусот за сега го пребродува без никакви симптоми.
OhridNews