Чуварот на мрежата на Охрид, Кирил Колев е еден од трите кандидати во изборот за најдобар голман во есенската полусезона во Супер лигата според специјализираната интернет страна за ракомет „Макракомет“.
Со Колев на голот охридската екипа го освои вицешампионското место во Супер лигата победувајќи на 10 од 13-ет натпревари.
Против кандидати на охридскиот голман се Даниел Дупјачанец од Металург и Благојче Трајковски од тимот на Струмица.
Својот глас читатели на Ohridnews за Колев или пак за еден од другите двајца кандидати можат да го дадат ТУКА.
Ohridnews