Од меѓусебната соработка на охридските автори Гоце Џуклески-музика и Митко Колјушевски-текст, се роди најновата песна во староградски стил „Катино душо” за која што аранжманот го направи Мендо Ташкоски, а во изведба на Кирил Белистојаноски и групата „Калабалак”.
Песната наиде на одличен прием и позитивни критики кај слушателите, а се врти на музичкиот канал YouTube и неколку радиостаници низ Македонија и пошироко, велат од тимот.
Воедно, најавуваат дека се размислува и за снимање на музички спот.
OhridNews