Охриѓанецот Кире Маркоски кој е фудбалер на Работнички беше стрелец на еден погодок во контролниот натпревар кој го одиграа прволигашите на репрезентативниот собир.

Повиканите фудбалери меѓу кои беа охриѓаните Кире и Ристе Маркоски, а селекторот беше Драган Бочески беа поделени на две екипи „бели“ и „црвени“.

На крајот на победа се радуваа фудбалерите во бели дресови каде настапуваше Кире Маркоски, а со неговиот погодок го завери триумфот 3-2 за „белите“.

Ваквите контролни натпревари на прволигашите ќе станат традиција бидејќи од нив, а и од мечевите во шампионатот селекторот на А репрезентацијата Бошко Ѓуровски ќе може да ги скенира фудбалерите.

Мх.П.