Повремениот репрезентативец на Македонија, Кире Маркоски доби свој наследник откако неговата сопруга Ана-Марија на свет донесе здраво машко дете (Габриел).

На ден 01.09.2020 во 16:38 часот господ не благослови со нашиот ангел Габриел. Да ни е жив и здрав и исполнет со љубов и среќа цел живот, – напиша на социјалните мрежи пресреќниот Кире.

Маркоски се врати во мак-фудбалот и го засили тимот на Академија Пандев. Но покрај фудбалот и постигнувањето голови, Маркоски ќе има нова и најслатка задача во својот дом.

Спортската редакција од OhridNews им честита на родителите Кире и Ана-Марија и му посакува многу среќа и здравје на малиот Габриел.

OhridNews