Охриѓанецот Кире Маркоски и неговиот тим Спартак Трнава го освоија трофејот во Купот на Словачка победувајќи ја екипата на Жилина после изведувањето на пеналите 4-1, откако регуларниот дел и продолженијата завршија без победник 3-3.

Маркоски кој во Спартак Трнава игра како позајмен фудбалер од кипарски АЕЛ се покажа вистинско засилување за составот од словачка. Охриѓанецот постигна два од трите голови во Купот, а неговиот тим прокоцка предност од три голови во регуларниот дел. Спартак Трнава се поправи во пенал серијата и успеа да го освои трофејот.

POHÁR JE NÁŠ ?⚫️????

Geplaatst door FC Spartak Trnava op Woensdag 1 mei 2019

OhridNews