Репрезентативецот на Македонија до 21 година и член на Работнички, Кире Маркоски ги посети и израдува учениците од Основното училиште „Христо Узунов“.
Учениците имаат можност да се дружат и разговараат со некогашниот ученик во ОУ „Христо Узунов“. Дружбата заврши со фотографирање и автограми кои ги подели еден од најдобрите млади фудбалери во Македонија.
Од школотo му посакаа среќа на Маркоски кој во јуни месец следната година заедно со останатите репрезентативци ќе ги брани боите на Македонија на Европското првенство во Полска.
OhridNews