Охриѓанецот Кире Маркоски е меѓу повиканите фудбалери од селекторот Благоја Милевски за квалификацискиот натпревар со Шкотска кој има историско значење за репрезентацијата на Македонија до 21 година.
На младинските репрезентативци им е потребен триумф со кој ќе ја обезбедат втората позиција во групата и бараж двомеч за пласман на Европското првенство следната година во Полска.
Натпреварот се игра на 11 октомври на националната арена Филип Втори со почеток во 20 и 45 часот, а селекторот за последниот дуел се ослони на фудбалерите кои го понесоа товарот во квалификациите.
Составот:
Голмани: Игор Алексовски, Дамјан Шишкоски
Одбрана: Ѓоко Зајков, Дарко Велковски, Висар Муслиу, Алекса Амановиќ, Мевљан Мурати, Егзон Бејтулаи, Бесир Демири, Христијан Тошевски.
Среден ред: Бобан Николов, Енис Барди, Давид Бабунски, Даниел Аврамоски, Кристијан Филиповски, Тихомир Костадинов
Напад: Марјан Радески, Виктор Ангелов, Кире Маркоски, Петар Петковски, Ремзифаик Селмани, Јован Попзлатанов.
OhridNews