Најдобриот македонски ракометар во моментов, Кире Лазаров, го задржа приматот прв стрелц во ракометната Лига на Шампиони.
Со 7- те погодоци на мечот против Портланд Сан Антанио, Лазаров стигна до котата 54, додека Загреб го доби натпреварот 29:23.
со “седумка“ ги испрати шпанците – Кире Лазаров
Во следното 2 коло, идниот викенд, Загреб му гостува на германскиот Хамбургер, кој во првото коло од втората фаза во групата одигра нерешено 33-33 со својот голем ривал од Бундеслигата, екипата на Фленсбург.
На листата на стрелци по Лазаров следуваат Карлос Руезга Пасарин од Портланд со 49 и Ласе Хансен од Гудме со 47 голови.