Охриѓаните Кире и Ристе Маркоски се најдоа на списокот фудбалери од Првата македонска фудбалска лига кои na 29 април ќе одиграат контролен натпревар за потребите на А селекцијата.
Составот брои 35 фудбалери, тренери се охриѓанецот Драган Бочески од Пелистер и Ќатип Османи од Ренова, а се ќе се одвива под будното око на селекторот Бошко Ѓуровски.
Откритие на сезоната во Првата МФЛ е 18-годишниот Кире Маркоски, кој настапува за Работнички, а редовен член е на репрезентативните собири. Тој со голгетерските способности веднаш се наметна во составот на „романтичарите“.
Со трансферот од Напредок во Брегалница, Ристе Маркоски направи чекор напред во кариерата. Беше иницијатор за револуционерните резултати на штипските сини и веќе го обезбедија опстанокот во фудбалска елита.
Мх.П.