Актерката Кира Најтли може да се пофали со титулата на една од најубавите и најгламурозни холивудски актерки. Нејзината појава на црвениот тепих многумина остава без здив, но доколку блеска на премиерите не значи дека и нејзиниот филм е добар. Актерката за списанието “Elle” открила дека со денови плаче во тоалет доколку добие лоши критики.

Таа изјавила дека секогаш кога дава интервју за англиските медиуми едно од нивните прашања е како се чувствувате знаејќи дека сите мислат дека сте очајна актерка. Тоа секако многу влијаело на нејзината самодоверба, а актерката по природа била срамежлива и избегнувала забави бидејќи воглавно седела сама и се плашела од луѓето.