Славната актерка Кира Најтли се омажила за рокерот Џејмс Рајтон на скромна церемонија на југот на Франција, откриле за медиумите официјалните лица од малото место Мазан. Традиционалната венчавка во градската општина била извршена и на француски и на англиски јазик во присуство на само десетина гости.

Парот бил во врска година дена. Рајтон свири клавијатури во бендот „Клаксонс“. Најтли, новата „Ана Карењина“, стекнала широка популарност во филмот „Пиратите од Карибите“, а номинација за Оскар играјќи ја Елизабет Бенет во филмот „Гордост и предрасуди“.