Младата актерка Кира Најтли се омажила минатиот викенд во Франција, а по церемонијата од сопругот добила интересен подарок. Џејмс Рајтон на сопругата и подарил стогодишно стебло маслина, на кое ги врежал нивните иницијали, а кое е вредно 3000 фунти.
Извор близок на парот рекол дека Џејмс го засадил дрвото во дворот на куќата во Франција на денот на венчавката. На него ги ирезбрал нивните иницијали во срце и го покажал пред сите. Младиот пар се венчал во Мазан, мало гратче кое се наоѓа на 67 километри од Марсеј, а по стадбата младенците отишле на имотот во близина кој му припаѓал на родителите на Кира.