По снимањето на филмот „Пиратите од Карибите“, актерката Кира Најтли се повлекла од медиумите бидејќи многу и сметале папараците кои го следеле секој нејзин чекор. Како што рекла самата, за среќа нејзината слава не била како онаа на Бред Пит, па тој период траел кратко.
Изјавила дека во тој период пред куќната врата секое утро ја чекале по 20 папараци, па одењето на продавница и станало вистинска авантура. Открила и дека заедно со нејзиниот партнер во филмот „Опасни методи“, пред снимањето на секси сцените пиеле по неколку чаши водка и шампањско како би се опуштиле и изгледале што поприродно.