Британската актерка Кира Најтли очигледно не се разликува многу од своите врснички кои тагата после раскинувањето со момчињата ја лечат со шопинг. Во случајов на убавата актерка тоа значело купување на куќа во вредност од околу три милиони евра.


Кира Најтли ја пазарила рустичната вила од 18 век лоцирана во северниот дел на Лондон. Според сознанијата, вилата покрај стандардниот луксуз поседувала и кино сала, библиотека, музичка соба и посебна соба за гардероба и алишта. Бидејќи неодамна ја раскинала петгодишната врска со колегата Руперт френд, многумина сметаат дека ова е начин со кој Кира се обидела малку да се развесели после љубовното разочарување.