Уште една млада актерка наскоро ќе застане пред олтарот. Ѕвездата Кира Најтли и нејзиното момче Џејмс Рајтон се вериле. Клавијатуристот на групата „Klaxons“ и познатата актерка се во врска од средината на минатата година, а портпаролот на Кира потврдил дека парот се верил.

Џејмс неодамна се доселил во домот на својата идна сопруга во Лондон, кој таа го купила во декември 2010 година откако прекинала со долгогодишното момче Руперт Френд. Парот наводно сакал да купи куќа на село каде би можеле да побегнат кога ќе им здодее вревата во Лондон.