Британската актерка Кира Најтли наводно ќе се омажи овој викенд, пренесуваат островските таблоиди. Ѕвездата на неколку филмски хитови би требало овој викенд да се омажи за својот вереник, музичарот Џејмс Рајтон, на приватна церемонија на југот на Франција.

Парот, кој се верил во мај 2012 година, на тајната венчавка ги поканил само семејството и блиските пријатели. Актерката и клавијатуристот на групата “Klaxons” започнале да се забавуваат во 2011 година по нејзиното раскинување со колегата Руперт Френд, со кој играла во филмот „Гордост и предрасуда“.