Угледната актерка Кира Најтли смета дека не мора да троши премногу пари како би живеела убаво. Имено, актерката во интервју за списанието „Гламур“ открила зошто си дозволува да троши само до 50 илјади долари годишно. Вели дека доколку и треба нешто поскапо таа ќе издвои пари и тоа не е проблем, но генерално за нормален живот мисли дека е и е потребно повеќе од тоа.
Актерката вели дека луксузниот живот подразбира и посебен начин на живот. Заклучила дека луксузниот живот значи дека мора да се дружите со луѓе од вашиот слој. Тоа ве издвојува од другите, а некои од најубавите и најсмешните моменти од нејзиниот живот настанале токму на места кои никако не можат да се поврзат со богатство.