Светските медиуми се распишале за бременоста на славната актерка. Кира Најтли во последната седмица го промовирала својот нов филм ‘The Imitation Game’ и успешно го скривала својот труднички стомак, но тоа сега повеќе не е возможно. Нејзиниот стилист се трудел со широка облека да ги прекрие нејзините труднички гради.
Кира и нејзиниот сопруг Џејмс Рајтон се венчале минатата годија и како што пишуваат медиумите, сеуште не планирале дете. Извор рекол дека обајцата се пресреќни иако тоа не го планирале. Актерката е среќна што ќе земе пауза од глумата. Се чини дека сепак се се поклопило бидејќи Кира штотуку го завршила снимањето на филмот „Еверест“ и нема во план нови проекти. Изворот додал дека ќе има време за опуштање и планирање на семејство во Лондон.