Веста која го обиколи светот на познатите и славните е онаа за доаѓањето на уште едно холивудско бебе. Кира Најтли е бремена. За актерката ова ќе биде прво дете, а таа и нејзиниот сопруг Џејмс Рајтон се пресреќни поради оваа вест. Славната убавица во последно време избегнува алкохол за да не му наштети на бебето, а главниот доказ е стомачето кое почнало да наѕира под тенките фустани.

 

Нејзиниот живот моментално е полн со добри вести. Претходно оваа седмица добила номинација за најдобра споредна женска улога во филмот ‘The Imitation Game’. Кира и нејзиниот сопруг се венчале минатата година и како што пишуваат медиумите, сеуште не планирале дете. Извор близок до парот рекол дека двајцата биле пресреќни и актерката е среќна што ќе земе пауза од глумата. Се чините дека се се поклопило бидејќи Кира штотуку го заврши снимањето на филмот ‘Everest’ и нема во план нови проекти.