Актерката Кира Најтли позирала за насловната на канадското списание “Flare” и открила неколку детали за улогата во филмот „Ана Карењина“ кој во американските кина ќе се појави на 16 ноември. Ѕвездата истакнала дека се поистоветила со новиот лик, бидејќи и самата била дволична и манипулативна. Актерјата се фотографирала во необичен бел долг фустан, а контраст правела темната сенка за очи која ја истакнала нејзината природна убавина.
во разговор со канадските новинари, открила дека Карењина на почетокот не и се допаѓала, но подоцна во неа ја препознала сопствената личност. Актерката додала дека исто како и рускиот лик и таа е неверојатно тврдоглава. Изјавила дека фотографите долго се обидуваат да ја уловат како пијана излегува од клубовите, но таа цврсто решила да не им го причини тоа задоволство.