Охриѓани немаат многу среќа со овај арбитар. Минатата сезона Кипријановски ја делеше правдата на мечот Брегалница – Охрид кој заврши 2-2, како и мечот помеѓу Вардар (Н) – Охрид кој охриѓани го загубија со 5-1. Притоа Кипријаноски на два меча покажал пет јавни опомени на фудбалерите на Охрид.
Охридскиот арбитар Марјан Ецкоски ќе биде главен на натпревaрот во Прилеп. Во рамките на 8 – то коло Победа на домашен терен го пречекува Металург. Помошници на Ецкоски се Симе Грданоски и Кире Негриески.