Познатиот трговски бренд „Kipper“ ја проширува продажната мрежа со нов, втор супер маркет во Охрид, овој пат во населбата „Билјанини извори“, во комплексот помеѓу трговскиот центар „Трудбеник“ и „Туристичка“ веднаш на самиот булевар.

Новиот маркет на „Kipper“ со работа официјално почнува во понеделник, 10 август. По тој повод, најевтиниот  ланец маркети во Македонија, најавува голема 3- дневна акција, со вртоглаво ниски цени на производите.

Голема 3-дневна акција во новиот маркет на „Kipper“ во Охрид од 10 август!

Новиот, е втор маркет на „Kipper“ во Охрид, по тој на ул. „Партзизанска“ до НЛБ Банка, кој беше отворен неодамна, а вкупно 51-ви во ланецот на „Kipper“ во земјава, кој е застапен уште и во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга.

OhridNews