Фудбалската федерација на Кипар (ФФК) ги стопираше сите мечеви во Втората лигата поради сомневање за наместени натпревари.
ФФК соопшти дека во соработка со Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ќе донесат нови правила околу казните за натпревари кои се сомнителни или пак наместени. Правилата ќе им бидат претставени на екипите пред почетокот на секој следен натпревар.
Од федерацијата немаат наведено кога ќе продолжат натпреварите и какви ќе бидат санкциите ако сомнежите се остварат и екипите ги договориле резултатите од мечевите.
OhridNews