Покрај стандардните лежечки полицајци, Кинезите се повеќе работат на тридимензионалните зебри. Многу пешачки премини сега претставуваат илузија на издигнувања на патот пред кои мора да се намали брзината.
Пешачките премини во градот Таизхо, веќе не се само бели ленти на патот, туку шарени цртежи на кои им е цел да се намали брзината на автомобилите. Традиционалните зебри се заменети со 3D варијанти.
„Пешаците сега се чувствуваат многу посигурно, мислам дека ова е одлична идеја“ – рекол еден велосипедист.
Новите премини за пешаци од страните се бојадисани со жолта и сина боја, додека од горната страна се бели. Возачите сега можат да ги забележат од многу поголемо растојание, отколку стандардните бели зебри.
„Сакаме новите премини преку улиците да станат вистинска зона на сигурност за пешаците и возачите“ – рекол портпаролот на месната сообраќајна полиција.