– Воодушевени сме од убавината на Македонија и нејзиното богато културно наследство. Познато ни е дека Македонија е земја со значајна историја, исто е и со Кина, и се надеваме дека во иднина ќе бидат отворени нови мостови на пријателство, но и соработка во областа на туризмот, истакна Кристофер Милворд од компанијата „Фајербрандс консалтинг“.
Претставниците на медиумите по враќањето во Кина, туристичките потенцијали на Македонија ќе ги претстават преку репортажи, емисии и статии во кинеските медиуми.
– Постои интерес за овој дел на Балканот, особено кај одреден дел од постарите, поискусните туристи, кои сакаат да откриваат нови дестинации. Засега тој не е толку голем, но дефинитивно има потенцијал така што се надеваме на поголема заинтересираност во иднина, впрочем затоа и сме тука, изтакна Хај Џуан Лин, менаџер за продажба во туристичката агенција на „Туркиш ервејс“ за кинескиот пазар.
Гостите од Кина вечерва ќе имаат работна средба со претставници на туристички агенции и хотелиерите од Охрид и Струга, на која според најавите ќе присуствуваат и претставници на локалните самоуправи.