Цангжажие е прекрасен туристички парк во кинеската провинција Хунан и наскоро ќе стане дом на најдолгиот и нависок стаклен мост на светот. Овој интересен мост, долг 430 и широк шест метри, ќе биде отворен во јули оваа година. Мостот го дизајнирал израелскиот архитект Хаим Дотан, кој вели дека овој мост ќе служи за модни ревии, како и деке ќе може да издржи тежина од максимално 800 лица.
Од овој мост посетителите исто така ќе можат да се пробаат и во највисокиот банџи скок на светот, со што ќе го престигнат највисокиот кој се наоѓа на Макао кулата. Овој парк е голема туристичка атракција, а отворен е во 2009 година. Се зборува дека е инспириран од планетата Пандора од филмскиот хит Аватар.