Сите кинези со лош здив, лоши телесни мириси или на кои им тече носот никогаш нема да можат да станат астронаути, одлучиле државните органи. Лошите мириси би им сметале на колегите астронаути во тесните простори на леталата. Составена е листа од 100 правила кои  идните астронаути ќе мораат да ги задоволат за државата да добие “супер човечки суштества“, за следната вселенска програма.


Кандидатите не смеат да имаат кариес или лузни кои “можат да распукаат во вселената“, не смеат да имаат историја на сериозни заболувања во последните три генерации од семејството и не смеат да бидат алергични на лекови. Треба да имаат “прилагодливи диспозиции“, а последниот збор пред заминување во вселената го имаат нивните сопруги кои преку државните органи можат тоа да им го забранат.