Идентична реплика на Големата Сфинга од Гиза е направена во Кина. Кинеската Сфинга е со идентична големина како и египетската, а на истокот ќе служи за снимање филмови. Оваа импозантна градба, долга 60 а висока 20 метри, е дел од нов тематски парк кој ќе биде користен во филмската индустрија.
Паркот сеуште е во изградба, а се наоѓа во предградие на градот Шидиажуанг, во провинцијата Хебеи. Дел е од Филмско студио кое веќе активно работи. Отворањето на паркот е планирано за октомври оваа година.