Кина стана најголем конзумент на црно вино во светот, надминувајќи ја така франција, се наведува во неодамна објавена студија. Кина, заедно со Хонг Конг, испила повеќе од 155 милиони сандаци црно вино во 2013 година, се наведува во студијата на Вајнекспо, кој организира саеми на вино и пијалоци, и британската организација „Вајн енд спирит рисрч“ која го испитува пазарот на алкохолни пијалоци. Французите минатата година испиле 150 милиони сандаци црно вино, италијаните 141 милион, САД 134 милиони, а Германија 112 милиони. Вкупно, од 2011 година, САД се најголеми потрошувачи на вино, и се очекува дека конзумирањето на црно вино ќе се зголеми за 14 проценти во следните пет години.
Потрошувачката на вино во Франција паднала за 18 проценти од 2007 година, а во Италија 5,8 проценти. Гијом Деглиз, генералниот директор на Вајнекспо, рекол дека дошло до промена во кинескиот менталитет. Масовно се садат лозја, а дистрибуцијата значајно се зголемува. Студијата покажала и дека глобалната конзумација на вино продолжува да расте. Во периодот од 2008 до 2012 година пораснала за 3,2 проценти, а се очекува до 2017 да скокне за уште 4,9 проценти. Студијата покажала и дека Баиџиу, бел кинески жесток пијалок дестилиран од просо, ориз или пченица, со 38 проценти алкохол, е најбаран жесток пијалок. Употребата на водка паднала за шест проценти во последниве пет години, пред се поради тоа што русите ја пијат се помалку.