Како што се ближи денот на вљубените, мажите ширум светот се припремаат да ги израдуваат своите поубави половини со некои подароци, а според една анкета најдарежливи се кинезите и јапонците, додека најскржави се германците. Според анкетата која ја направил сајтот за продажба на накит “Boticca.com”, мажите од далечниот исток се спремни да издвојат најмногу пари за подароци за своите сакани. Кинезите, јапонците, како и мажите од Хонг Конг и Сингапур во просек за подарок издвојуваат по 173 фунти, додека на второто место се нашле шпанците со 151 фунта. Французите ја сочувале честа и се нашле на третата позиција со 120 фунти.

На листата по нив следуваат британците и американците кои во просек за подароци за денот на вљубените трошат помеѓу 107 и 118 фунти. Германците покажале дека романтиката не им  е многу важна бидејќи во просек трошат по 59 фунти, но изненадил податокот дека и италијанците се тешки кога е во прашање трошењето на пари за жените, бидејќи во просек трошеле по 62 фунти за подарок.