Илјадници Кинези полуделе по древниот град на лезбејки во Шведска, во кој наводно живееле 25 илјади лезбејки. Според легендата мистериозниот град Чако Пол е основан 1820 година и се наоѓа скриен во шумите во Северна Шведска. Го основале вдовици и жени поврзани со заедничка омраза кон мажите. Влезот го чувале стражарки со долги плави коси, а сите мажи кои би се обиделе да го посетат завршувале претепани.


Се од ова натерало илјадници Кинези да ги затрупаат Шведските туристички агенции. Дури и по цена на изеден ќотек, тие се решени да дознаат каде точно се наоѓа легендарниот град. Шведските власти велат дека се работи само за легенда и дека е невозможно таква тајна да се чува повеќе од 180 години.