Кинеските инженери оваа пролет ќе ги завршат плановите за изградба на најдолгиот тунел по морето на светот, кој би можел да почне да се гради веќе во 2015 или 2016 година, објавиле кинеските медиуми. Тунелот кој би ги поврзувал пристанишниот град Далиан во североисточната покраина Лиаонинг и градот Јантаи во покраината Шандонг би бил долг 123 километри. Новиот тунел би бил повеќе од двојно подолг од моментално најдолгиот тунел под море Сеикан, кој ги поврзува големите јапонски острови Хоншу и Хокаидо.
Патувањето помеѓу Далиан и Јантаи моментално трае осум часа со траект, односно повеќе од 1400 километри по копнен пат, а новиот тунел тоа патување би го скратил на само 40 минути. Тунелот би требало да биде завршен до 2026 година, а цената на изградбата се проценува на 36,3 милијарди долари. Кина уште од 1994 година објавила дека планира да го изгради тој тунел, по цена од 10 милијарди долари со рок на завршување пред 2010 година. Сепак, 20 години подоцна тунелот сеуште е во газа на планирање. Јапонскиот тунел Сеикан, долг 54 километри, отворен е во 1988 година после 20 години изградба. Тунелот под Ла Манш кој ги поврзува Велика Британија и Франција долг е околу 51 километар.