Три месеци траеше потрагата за совршена насмевка која ќе се најде на најголемата фотографија на светот. Портретот кој го изработува една кинеска печатница ќе биде готов на Денот на мајката кој во Кина се слави на 11 мај.

Портретот на насмевнатата мајка ќе биде поголем од фудбалско игралиште со големина од 9 илјади квадратни метри, а проектот ќе чини повеќе од 70 000 фунти. „Сакавме да пронајдеме совршена мајчина насмевка и поради тоа потрагата за вистинската траеше три месеци“, изјави директорот на компанијата која ја изработува фотографијата.


Работниците во печатницата која се наоѓа во градот Чонгинг велат дека тоа им е најголемата нарачка до сега. „Обично трошиме 2 тона хартија, но само за овој проект ни требаа 4,4 тони“, изјавил менаџерот на печатницата. Бидејќи сликата е преголема за да се печати во едно парче, прво ќе се изработат делови кои потоа ќе се спојат и така ќе го створат прекрасниот портрет.