Еден кинез со години крварел од носот кој постојано му бил затнат. Сега, откако лекарите му извадиле пијавица долга десет сантиметри се чувствува многу подобро.


Несреќниот 73-годишен Фу од едно село на југот на земјата се одлучил да го посети селскиот лекар откако десет дена непрекинато крварел од носот. Тој мисли дека пијавицата му влегла во носот пред пет години, додека пиел вода од изворот на планината каде што собирал билки.