Хуанг Лиџанг, 58 годишен Кинез, конечно се одлучил за операција на тумор кој му бил дијагностициран пред 17 години. Несреќниот човек уште во 1990 открил чуден израсток на вратот, но пробал да го игнорира. Годините минувале, а туморот се ширел се повеќе и повеќе, за на крај да достигне невидени размери и тежина од 15 килограми.

Првите симптоми почнале пред две години кога Лиџанг почнал да чувстува болка и потешкотии во движењето. Токму затоа се одлучил конечно да појде на лекар и оперативно да го отстрани овој необичен израсток.

С.К.