Фармерот Тао Ксиангли од Пекинг иако завршил само основно училиште успеал сам да направи подморница и со неа успешно се возел по дното на реката пет минути. Подморницата собира само еден човек, а висока 1,5 а долга 6,5 метри. Му биле потребни 18 месеци и околу 2000 евра за делови додека ја изработил. Поголемиот број од деловите ги купил од отпад, и немал никаква стручна помош.
Ја работел дел по дел. Му биле потребни стара камера за перископ, поклопецот го наполнал со камења и песок за полесно да потоне, додека пропелерите кои ги поставил назад ја движеле подморницата.