Еден Кинез поставил два нови Гинисови рекорди во одење по затегнато јаже на 1607 метри надморска височина, така што поминал преку телото на својот ученик. Адили Вукшиер, познат уште како и принцот за одење по затегната жица е првиот човек кој успеал да изведе ваков подвиг на толкава височина.
Во 2002 година тој соборил уште еден рекорд кога поминал 22 дена на висина од 35 метри. Според локалните медиуми, Вукшиер е шеста генерација на семејство чии членови веќе 430 години се познати по одењето по затегната жица.