Еден 24-годишен Кинез во изминатите девет години успеал да промени дури 500 различни модели на мобилни телефони, што му донело огромно искуство во сервисирање на мобилните апарати на универзитетот на кој студира.

„Првиот свој телефон го добив од татко ми 1998 година и од тогаш имам желба да го купам новиот модел веднаш штом го научам стариот“, рекол Џанг Ли, рекордер по број на мобилни кои ги поседувал.

Се одлучил на овој хоби заради „преголемата љубов кон новите технологии и се` понапредните мобилни апарати. Ли ниту еден од мобилните кои ги имал не ги користел подолго од еден месец, после што ќе купел нов модел, а стариот го препродавал на познаници.

(mondo)

С.К.