Кинезот кој почнал да се занимава со продавање на мртви комарци преку интернет во само два дена добил 10.000 нарачки. Бројчаникот на неговата страна забележал 250.000 посети откако објавил повеќе огласи по разни страници и форуми.


Нин Нан од Шангај на ваква идеја дошол размислувајќи како да ја зголеми продажбата на својата онлајн продавница. Цената на поедини комарци се движи околу 45 пени, а во огласот стои дека комарците се убиени исклучиво од човечка рака, и дека можат да се искористат за испитувања, декорација или колекција.

Желбата на Нан е со помош на овој маркетиншки трик да го афирмира своето име во бизнис светот.