Еден кинески патник потрошил на парискиот аеродром 46 523 евра за купување француско вино, што е рекордна сума некогаш потрошена на тој аеродром.
Пред да се качи на авионот за Пекинг, патникот купил неколку шишиња познати француски вина.
„Купувањето се одвиваше во два дела – патникот најпрво купи вино за 43 083 евра, а по неколку минути размислување се врати по уште три шишиња со цена од 3 340 евра“, изјавила продавачката од продавницата на аеродромот.
Претходниот рекорд го држел исто така кинески патник, кој во 2007 година купил вина за 23 000 евра.