Во Кина има мнооогу луѓе, па не е ни чудно што секогаш доаѓаат вести за секакви чудни работи. 40 – годишниот Лиу почнал да носи контакт – леќи пред една година, а никогаш не ги извадил бидејќи му било претешко.

„Само понекогаш ќе ставев капки“ – изјавил за градскиот весник. Лиу неодамна почувствувал дека видот му се влошува, па си набавил нови леќи – и ги ставил преку старите! Но, бидејќи видот не му се подобрил, се одлучил на уште еден генијален потег. „Ставив уште еден пар леќи преку нив.  Така имав три пара леќи на очите“. Следниот ден состојбата толку се влошила што морал да побара стручна помош. Лекарот бил згрозен кога утврдил дека најдолниот пар сраснал со очите, па е потребна операција за да ги извади.

ViDi

С. Костоски