Кинезот Бао Зенгбин планира да преплива 1210 километри низ реката Цангјианг и на тој начин да стигне до Шангај, каде планира да ја посети светската изложба. Верува дека за тој потфат ќе му бидат доволни 32 дена. тој има 50 години, а ова го планирал веќе подолго време.
За да стигне до целта за 32 дена, ќе мора секој ден да плива по околу 40 километри. Ќе биде придружуван од чамец во кој ќе биде неговиот најдобар пријател, кој ќе му дава поддршка и се што ќе му биде потребно за да го оствари планираниот потфат.