Кинезот Ванг Ксијанјун од својата 14-та година па се до денес изел повеќе од 1500 сијалици. Тој изјавил дека како момче случајно проголтал коска од риба, и бидејќи ништо не му се случило, одлучил од љубопитност да се обиде да гризне и стакло. Бидејќи сијалицата била најтенкото стакло кое го имал, ја загризал и заклучил дека е вкусна и крцкава.
Изјавил дека првиот пат малку се плашел, но кога видел дека ништо не му се случило, започнал редовно да ги јаде. Неговите родители биле во паника кога виделе што прави и го однеле на лекар. На испитувањата било откриено дека стаклото воопшто не му штети. Сега Ванд секој дена за доручек јаде по една сијалица.