На еден Kинез му е изречена казна затвор во траење од 3 дена бидејќи пушел во воз, што е невообичаено строга казна во земја во која на големо се игнорираат забраните за пушење.
Кинезот бил фатен како пуши во тоалетот во возот кој сообраќал на релацијао Тиани – Пекинг, а чадот го активирал алармот и предизвикал сопирање на возот.
Експресната линија Пекинг – Тиани беше воведена за време на Олимписките игри, а на неа, сообраќаат возови кои се екстремно луксузни за кинеските стандарди.
Знаците за забрана за пушење во Кина, во која половина од мажите пушат, често се игнорираат.